| четврток, 6 декември 2018 |

Хороскоп за среда (28.09): За Биковите помирен период, големи промени кај Стрелците…

ОВЕН
Денес ќе морате брзо да реагирате и да донесете одлука која нема да биде едноставна. Досега се двоумевте што да правите, и тоа ви одземаше многу време. Можеби на колегите ќе им изгледа дека сте решиле без многу размислување и оти можеби правите грешка, но верувајте им на вашите инстинкти и дејствувајте во склад со нив. Деновиве ќе размислувате за една личност со која веќе не сте во врска и немате никаков контакт. Меѓутоа, тоа не е она што ви треба. Време е да тргнете напред и да заборавите на минатото.

БИК
Условите на работното место се подобруваат и влегувате во помирен период. Доколку сте невработени, можно е да добиете шанса за вработување. Сепак, бидете внимателни и направете нешто да ја оправдате желбата за напредување. Претпоставените знаат колку можете, и многу очекуваат од вас. Доколку сте сами, можен е нов почеток со личност што ја познавате преку работа или преку пријатели. Личноста има многу смисла за хумор и во нејзино друштво ќе се чувствувате пријатно и опуштено.

БЛИЗНАЦИ
Имате повеќе деловни понуди и не знаете за која да се определите. Секоја од нив има и добри и лоши страни, и вие ќе треба да се определите за една која најмногу ќе му одговара на вашиот сензибилитет. Доколку сте во можност, решението одложете го за десетина дена. Доколку денес сретнете некој кој штотуку излегол од долга и компликувана врска, обидете се да го заобиколите и да не се вовлекувате во таа приказна. Воопшто не сте свесни дека можете да бидете емотивно повредени.

РАК
И покрај бројните можности кои ви се нудат, нешто ве кочи во нивната реализација. Можеби се работи за недостиг на валидни информации кои ќе ви помогнат во работата. Доколку можете да побарате помош, воопшто не двоумете се да го направите тоа. Колку и да вложувате труд, без вистинска поддршка вашите залагања ќе останат неуспешни. Ако сте во подолга врска или во брак, партнерот почнува да се менува и сè почесто предлага компромисни решенија. Не бидете сомничави и не размислувајте многу, едноставно, прифатете ги.

ЛАВ
Имате голема енергија и со леснотија ги завршувате задачите на работното место. Тоа нема да остане незабележано кај претпоставените. Можно е да добиете шанса за напредување. Доколку сте невработени, можно е да добиете две понуди за хонорарна работа. Чувствувате потреба повторно да се зближите со партнерот и да добиете повеќе внимание од она што го добивате. Само од вас и од вашето однесување зависи што ќе добиете за возврат. Затоа бидете внимателни и не правете грешки.

ДЕВИЦА
Денес е можна зделка, на чија реализација работите веќе подолго време. Иако работите сè уште ви одат чекор напред, два назад, сепак, нешто почнува да се помрднува од мртва точка. Чувствувате зголемена енергија и подготвени сте за многу поголеми работи од оние кои моментално ги работите. Потребен ви е некој на кого ќе можете да се потпрете и можеби токму поради тоа ќе се обидете да обновите една стара врска. Бидете внимателни и не влегувајте во двојни врски. Можеби на почеток ќе мислите дека работите ќе се средат сами од себе, но подоцна ќе видите дека тоа не е можно и оти ќе морате да донесете одлука.

ВАГА
Проблемите кои ви се редеа еден по друг, ве втурнаа во психолошка криза од која тешко излегувате. Нерешените односи со претпоставените и со колегите дополнително ве оптоваруваат. Чувствувате дека ќе морате да застанете и да одморите за да соберете енергија и да се извлечете од бездната во која паѓате. Партнерот се труди околу вас, но вам тоа не ви е доволно. Имате потреба за промена и барате начин како да го направите тоа. Не играјте си со чувствата на партнерот. Работите, за кратко време, ќе се сменат, и може да осетите како изгледа да бидете отфрлени.

СКОРПИЈА
Упорни сте во настојувањето да ги покажете своите квалитети. Периодот кој го поминавте ве зацврсти како личност, и сега сте подготвени да се соочите со сите предизвици. Доколку сте невработени, можна е шанса за вработување. Можеби ќе морате да причекате уште малку време додека шансата се реализира, но сепак, ви се враќа надежта дека работите тргнуваат во позитивен правец. Комуникацијата со партнерот ви беше нарушена и сега е време да направите нешто за да се подобри. Направете го првиот чекор и не чекајте партнерот да почне да ви се приближува.

СТРЕЛЕЦ
Се наоѓате во период во кој се можни големи промени. Денес е можно да добиете понуда за промена на работното место. Можно е дури и да ја смените фирмата и да започнете нешто сосема ново, што ќе биде голем предизвик за вас. Новата работа позитивно ќе влијае и врз вашата финансиска ситуација. Тензијата која ја чувствувате ве тера да барате авантури надвор од бракот. Бидете внимателни и не опуштајте се премногу. Партнерот може да преземе чекори кои нема да ви се допаднат.

ЈАРЕЦ
Единствена пречка која стои меѓу вас и успехот сте вие самите. Премногу се оптоварувате со некои работи од минатото, кои немаат никакво влијание на сегашноста. Време е да почнете да правите планови за иднина и да почнете да ги остварувате вашите соништа. Денес е можна понуда која ќе ви овозможи да се докажете. Доколку предолго размислувате дали да ја прифатите или не, може да се случи да ја пропуштите шансата. Доколку сте сами, постои можност да заинтересирате една интересна личност. Не пропуштајте ја шансата.

ВОДОЛИЈА
Многу сте импулсивни и нетрпеливи, но овој пат ќе морате да причекате доколку сакате работите да се решат во ваша корист. Бидете внимателни и не доверувајте им ги вашите планови на луѓе во кои немате целосна доверба. Доколку зборувате повеќе отколку што е потребно, може да се случи идејата која ја имате, да ја спроведе некој друг. Имате многу шанси за флертување со спротивниот пол, но една случајна средба ќе ве измести од комфорната зона и ќе ве натера да размислувате на поинаков начин.

РИБИ
На работното место се случуваат некои промени кои не ве допираат. Единствено што ве допира се финансиите, и правите сè за да смените нешто во врска со нив. Постои шанса за додатна работа, која може да ги зголеми финансиите, но и дополнително да ве оптовари со обврски. Премногу ги идеализирате потенцијалните партнери и непотребно се залетувате кај првата личност што ќе покаже интересирање за вас. Партнерските односи се наоѓаат на испит, и време е да преземете дел од одговорноста. Не може само другата страна да биде виновна за сè што ви се случува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top