| четврток, 6 декември 2018 |

Една третина од возрасните и ноќе проверуваат пораки на мобилен

Една третина од возрасните проверуваат пораки на мобилен телефон кога ќе се разбудат навечер, покажува едно истражување на компанијатата „Делоит“ спроведено во Велика Британија.
Исто така, лицата што претерано употребуваат мобилни телефони признаваат дека нивното однесување предизвикува караница со партнерите, пренесуваат медиумите.
Претераната употреба на таканаречените паметни телефони е најизразена кај лицата меѓу 25 и 34 години, но се забележува таков тренд и кај лицата постари од 65 години (11 проценти од испитаниците).
Околу 10 отсто од учесниците во истражувањето признаваат дека речиси секогаш користат мобилен телефон додека јадат дома или во ресторан, а една третина редовно го користат телефонот во друштво на пријатели.
Во истражувањето учестувале околу 4.000 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top