Дваесет и две годишата новинарка Нур Тагоури го споила на прв поглед неспоивото, хиџаб и магазинот „Плејбој“ бидејќи позирала за најпознатиот машки магазин на светот облечена во фармерки, кожена јакна и во патики.
Новинарката се фотографирала за октомвриското издание на магазинот кој носи наслов „Одметници“. Тагоури работи како репортер за мрежата Њуси.
-Искрено мислам дека тоа што сум муслиманка која носи хиџаб помогнало да ја добијам довербата на соговорниците – рекла таа за Плејбој.
Според нејзините зборови, преку интернет добива многу негативни коментари и критики, но тврди дека тоа не ја допира многу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.