| четврток, 6 декември 2018 |

Животната драма на Иван Класниќ: На поранешниот хрватски фудбалер му откажува пресадениот бубрег

klasnic

На поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец, Иван Класниќ му откажува пресадениот бубрег, пишува германскиот Оснабрукер Цајтунг.

Органот му беше пресаден во 2007 година откако најпрво неговот тело не го прими оној дониран од неговат мајка. Во следната операција новиот донатор беше неговиот татко, а операцијата била успешна откако телото му го прифатило органот.

За жал, сега поранешниот хрватски репрезентативец повторно ќе треба да оди на операција, пишуваат медиумите од Германија каде тој живее.

Класниќ за фудбалската репрезентација на Хрватска забележа 41 натстап, а во успешната клубска кариера ги бранеше боите на Вердер Бремен, Болтон, Мајнц и Нант.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top