| четврток, 6 декември 2018 |

Во Новаци подигнато државното знаме на 30 метарски јарбол

opstina-novaci

Во Општина Новаци денеска на јарбол висок 30 метри беше подигнато знамето на Република Македонија.

Градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски информира дека денеска е завршен проектот за изградба и поставување урбана опрема-јарбол, инвестиран од Владата на Република Македонија.

– Денеска заврши изградбата и поставувањето на урбаната опрема – јарбол  кој е висок 30 метри, на кој го истакнавме знамето на Република Македонија. Пред неполн месец го бетониравме местото меѓу општинската зграда и локалната пошта во Новаци, посочи Котевски кој го подигна знамето на јарболот во таа локална самоуправа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top