Предесенската колекција, всушност, е есенска колекција која многу често ја претставуваат модните креатори, а најчесто станува збор за колекција која не е дел од високата мода. За дизајнерите тоа е донекаде комерцијален облик на есенската колекција што ќе ја носат славните личности.
Асиметрични здолништа
За жените што не сакаат класични модели на здолништа, туку необични кроеви и модели, асиметричните здолништа се полн погодок. Најчесто нивната должина е до средината на листот.
Фустани со цветни дезени
Иако цветниот дезен е моден хит веќе неколку сезони, ретромоделите со долги ракави и со пристојна должина се многу популарни оваа есен.
Широки полудолги панталони
Љубителките на панталони сигурно ќе ги пробаат моделите на широки полудолги панталони. Неодредената должина, неколку сантиметри над глуждот, му дава посебен шмек на овој модел. Овие панталони не им прилегаат на сите, посебно не на оние што имаат кратки нозе.
Спортски ретројакни
Машки, спортски ретројакни на девојки? Супертренд за оваа есен. Особено се интересни за младите луѓе.
Полупроѕирни ракави
Маиците, кошулите или јакните имаат посебни додатоци. Долните делови на ракавите се од проѕирни или перфорирани материјали, како што се тантела, разни видови плетива или слични проѕирни материјали.
Темни костуми од џинс
Некои уште ги нарекуваат и канадски костуми. Тие се дводелни, може да бидат составени од здолниште и јакна или од фармерки и јакна. Важно е што бојата е темна, а дизајнот е ретро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст