| четврток, 6 декември 2018 |

Ибра му се заканил на Рајола: Ако Погба не дојде во Јунајтед, ќе ти скршам нога!

Францускиот репрезентативец Пол Погба во текот на летото со трансферот од Јувентус во Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра стана најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот. Меѓутоа, по неговото доаѓање во „црвените ѓаволи“ тој не успеа да ги затвори устите на критичарите бидејќи првиот гол го постигна дури во минатото коло.

Поради тоа што сѐ уште не може да ја пронајде формата и играта од минатите години поминати во редовите на „старата дама“ има сѐ повеќе анегдоти на негова сметка, било за професионалниот фудбал или за неговиот приватен живот. Најновата ја откри агентот на Погба, Мино Рајола, кој во исто време е агент и на Ибрахимовиќ и успеа нешто порано да го доведе на „Олд трафорд“.

– Златан ми рече – Немој ни случајно да го одведеш Погба во некој друг клуб, ако го направиш тоа, ќе ти ја скршам ногата – изјави Рајола.

Златан и Погба веднаш се спријателија и сега имаат одличен однос на „Олд трафорд“ и надвор од него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top