| четврток, 6 декември 2018 |

Верниците го слават Крстовден – што треба задолжително да се направи!

krstДенеска е Воздвижение на св.Крст – Крстовден (пост). Црквата и верниците на 27 септември го слават есенскиот Крстовден, ден кога е пронајден Чесниот крст. Крстовден се слави два пати во година денеска и на 18 јануари. На денешниот празник се празнуваат два настани, пронаоѓање на крстот и негово враќање од Персија во Ерусалим.

На Крстовден важи правилото на строг пост, само на леб и вода, додека храната од животинско потекло е строго забранета. Интересно е дека на Крстовден е дозволено да се јаде грозје, додека друго овошје е забрането.

На Крстовден добро е работодавчите да ги исплатат своите работници. Овој обичај настанал во старите времиња бидејќи на денешен ден се исплаќани работниците кои ги чувале полињата од Ѓурѓовден до Крстовден.

Додека за другите празници обележани со црвено важи дека не траба да се работи, да се чисти и да се работат други работи, на Крстовден е спротивно. На денешен ден е добро да се среди куќата и така, условно кажано, да се подготви за зима.

Постојат обичаи на овој ден да се бере босилок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top