| четврток, 6 декември 2018 |

Kолку трае очајниот, а колку одличниот секс?

Во едно неодамнешно истражување кое е спроведено на Универзитетот „Пен Стејт“, научниците тврдат дека го пронашле вистинскиот одговор на прашањето „Колку трае очајниот, а колку одличниот секс?“. Научниците уверуваат дека одличниот секс всушност не треба да трае долго, и покрај популарното мислење. Па така, се што е подолго од половина час, во истражувањето се навело како „ситуација зрела за разочарување и незадоволство“.

Истражувачите Ерик Корти и Џенај Гардијани, во своето истражување вклучиле дури 59 експерти за сексуална терапија, брачни психолози и семејни терапевти, кои во текот на кариерата имале илјадници пациенти.

Со помош на нивните одговори, тие идентификувале четири клучни категории, во смисла на сексуалниот временски период, од пенетрација до ејакулација.

1-2 минути – прекратко!

3-7 минути – соодветно!

7-13 минути – пожелно!

10-30 минути – предолго!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top