| четврток, 6 декември 2018 |

АМСМ: Оштетен коловозот на патниот правец Маврово – Дебар кај Бошков мост

vlazen pat

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози.

Поради оштетување на коловозот од надојдена вода од река Радика на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост, сообраќајот (наместо по една) сега се одвива по две коловозни ленти (каде е направен бајпас додека траат санациите на оштетената коловозна лента). Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а на учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Во клисурите се бележи појава на поситни одрони, особено на патните правци: Демир Хисар – Кичево, Катланово – Велес, Демир Капија – Удово, Маврово – Дебар – Струга, Кочани – Делчево и Виница – Берово.

Сообраќајот на патниот правец Гостивар – Кичево преку мостот на 1,5 км пред Стража е нормализиран. Забраната за тешки товарни возила и автобуси е укината и правецот е прооден за сите видови на возила.

На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.

На патниот правец Демир Капија-Удово кај тунелите, од 30.04.2013 до 12.05.2013 сообраќајот ќе се нормализира, односно ќе се одвива по двете сообраќајни ленти, а од 13.05.2013 ќе се врати на стариот режим со семафорско регулирање на сообраќајот (додека траат работите). Според известување добиено од инженеринг компанијата „Геинг“, за потребите за изработка на проектна документација за реконструкција и рехабилитација на патниот правец А3/Р1-312, делница Велес – Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.

Патниот правец Р-103 Неготино-Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ ги информираат граѓаните дека излезе нова верзија на АМСМ мобилната апликација наменета за Android и iPhone мобилни телефони, во која на само еден допир на располагање им се детални информации за патување во над 30 европски држави, како и информации за состојбата на патиштата, граничните премини и сл. АМСМ мобилната апликација може бесплатно да се симне на Google Play и App Store.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top