| четврток, 6 декември 2018 |

„Мртовецот доаѓа по љубената“ на 41. МОТ

Претставата „Мртовецот доаѓа по љубената“ во режија на Јернеј Лоренци, а продукција на Прешерн Тетар од Крањ и Градскиот театар на Птуј од Словенија, вечер ќе биде изведена во рамки на 41. Меѓународен театарски фестивал „Млад отворен театар“ (МОТ).

На репертоарот од 22:30 часот е претствата „Случајот Хармс“ на Театар Комедија од Скопје. Режијата е на Дино Мустафиќ, а играат Жаклина Петровска, Мирјана Ристов, Ева Скендеровска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top