Пред четири години српската маратонката Оливера Јевтиќ, често ја гледале во друштво на црномурестиот Стенли Кипрути. Тој е Кениец, атлетичар, светски првак кој на својата лева дланка има само палец. Со останатите прсти ја платил цента на својата храброст од пеколот на граѓанската војна, каде од сигурна смрт ја спасил маратонката Оливера и нејзиниот тренер Славко Кузмановиќ.
– Ми отсекоа четири прста со мачета. Ми се осветија затоа што им помогнав на моите пријатели и ги тргнав на сигурно кога човечкиот живот во Кенија не значеше ништо, раскажал за Блиц.рс Африканецот.
Маратонката Јефтиќ и нејзиниот тренер Славко Кузмановиќ го „враќаат филмот“ непријатната случка во 2007 година.
– Бевме во Кенија, близу границата со Уганда каде Оља тренираше за маратонот во Пекинг. Во кампот имаше многу атлетичари, меѓу кои и Станли, се сеќава тренерот Кузмановиќ.
Но додека таа се подготвувале за спортските предизвици, во Кенија се спремале избори. Борбата за власт ја започнала граѓанската војна.
– Настана хаос. Улиците беа полни со лешеви. Сакавме да тргнеме на тренинг, но Стенли не ни дозволи. Ни кажа дека се спрема масакр. Претходно на атлетската стаза влетале војзници и убиле неколку атлетичари, раскажува српската маратонка.
Немале повеќе време за чекање, па мореале да бегаат, ама каде…
– Стенли не поведе по една мрачни улици, а потоа влеговме по една патека во шумата. Метар по метар се пробивавме додека не стигнавме на безбедно место. Во Најроби не чекаше авион кој ни го обезбедија дипломатите, а Стенли се врати назад, раскажува тренерот Славко.
Српските спортиски дури подоцна дознале што му се случило на нивниот пријател кој им ги спасил животите.
– Бунтовниците дознале дека сум им помогнал на двајца белци. Ме заробија и тогаш ми ги пресекоа прстите. Следната година освоив златен медал на светското првенство за хендикепирани атлетичари во Индија, изјавил Стенли.
Кениецот некое време дури живеел и во Ужице каде бил гостин на Оливера и тренерот Кузнамовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.