Шпанскиот весник “Спорт” објави дека дошло до несогласувања меѓу тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан и Кристијано Роналдо, после саботниот натпревар со Лас Палмас која заврши со резултат од 2:2. Како што пишува весникот, Португалецот не бил воопшто среќен поради одлуката на тренерот да го замени, а бил снимен како додека седи на клупата наводно го пцуе Французинот.
Кристијано Роналдо изгледа како на португалски да извикува “кучкин сине” и “е*и се”.
Шпанскиот портал наведува дека после натпреварот Роналдо и Зидан разговарале во соблекувалната. “Ме разочара”, му рекол Роналдо на својот тренер, по што тој му одговорил: “Смири се Крис, ти требаше одмор, ќе играш 90 минути против Дортмунд”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Необичен момент пред шутот на Роналдо: Топката се подига пред ударот (видео)
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)