Кумановецот К.Т. роден 1961 година утрово е пронајден мртов со прострелна рана во главата, потврди МВР, откако заврши увидот што го извршија обвинителството, судска медицина и крим техника.
Од Основното јавно обвинителство – Куманово соопштија дека покрај телото на К.Т., пронајдено во зградата на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, пронајден е пиштол. Телото на починатиот, посочија, е предадено на обдукција и се подиганти траги за вештачење од местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.