Го нудам левиот бубрег, бидејќи во десниот имам камења па не сакам некој да има проблеми здравствени, левиот ми е сосема здрав, свесен сум дека ова е нелегално но немам што друго да направам, вели 45 годишниот Звонимир Илиќ за српски Телеграф.
Овој човек е без работа од 99, секој ден оди во бирото за вработување, се пријавува, праќа ЦВ, конкурира – но никој не го вработува. И тој и неговата ќерка матурантка живеат кај неговата мајка, единствен приход им е нејзината пензија од 10.000 динари – а пола од тоа одат за лекови бидејќи неговата мајка е шлогирана.
Активен е во партија вели од самиот старт – неговата книшка е број 65 во Прокупље – но иако му ветуваат партијата и политиката повеќе му наштетиле отколку што му помогнале. Кога се конкурентите на власт не може да се вработи поради политичката припадност, а кога се неговите сите го мафтаат и ветуваат, а тој и понатаму со години е без работа.
Не барам којзнае што – можам да работам се. Кај не тропнав што не пробав но попусто работа нема, вели огорчениот татко чија ќерка наскоро слави матура.
Одличен ученик е, срце ме боли што не можам да и обезбедам, а заслужила, вели таткот.
45-годишниот Србин вели дека нема пари на својата ќерка да и купи фустан за матурата, па затоа се решил да го продаде бубрегот, бидејќи друго решение не гледа.
– Дојдов до оваа идеја бидејќи сум самохран родител и не сум вработен , а сакам мојота ќерка да има матура како секое дете, вели Звонимир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст