| четврток, 6 декември 2018 |

Есенски вргањ, кашкавали, сирења, месо и вино од Вардарскиот регион во „Јавна соба“

Денеска во Јавна соба почна четвртиот регионален саем на мали бизниси од Вардарскиот регион. На овој дводневен саем на кој влезот е слободен, застапени се средни, мали и микро бизниси кои промоцијата на производите ја базираат исклучиво на квалитет.

Вардарскиот регион не e само ризница на добро препознатливи вкусови, туку е имиџот и надворешната проекција за Македонија со која сите се гордееме. Есенски вргањ, сушен и свеж, месо и сувомеснати  деликатеси, кашкавали и сирења со европски признанија за квалитет и секако виното кое се конзумира од Њујорк до Токио.

vardarski-region-baner-2

Програмата опфаќа средби со производителите и дегустација на деликатеси во текот на целиот ден. Во понеделник во 18:00ч. балерините ќе го изведат перформансот балет на грозје – газење на грозје во живо, со што ќе го одбележат почетокот на винската сезона за оваа година. Дегустацијата на нови вина од мали и веќе етаблирани винарии од Тиквешијата започнува од 18:00ч. Финалниот подарок за посетителите е предвиден истиот ден во 21:00ч. кога започнува концертот на една од најпопуларните македoнски џез бендови, групата „Фирс”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top