ДНК-примероци поврзани со терористичките напади во Париз и во Брисел, се уништени при подметнат пожар во Центарот за криминалистика и криминологија во белгискиот главен град, објавија денеска локалните медиуми.
Пожарот во лабораториите се случи 29 август, но досега не беа соопштени детали за предизвиканата штета.
Според белгиските медиуми, уништени се шест од вкупно 10 лаборатории во Центарот.
Правниците оценуваат дека уништувањето на доказите ќе го стави Судот пред тешки одлуки. Ако примероците беа делумно оштетени, Судот можеше да побара повторна анализа.
Но, сега судиите треба да проценат дали да ги земат предвид податоците од веќе направените анализи.
Медиумите посочуваат, дека уништените ДНК-примероци веќе биле тестирани и дигиталните копии од нив биле внесени во сервер, кој не се наоѓал во запалените простории.
Меѓу материјалите се наоѓале докази за лицата кои се поврзани со нападот во Еврејскиот музеј во Брисел, како и докази за извршителите и соучесниците на нападите во Париз и Брисел во последните две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Спречен терористички напад во Франкфурт