Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ затвори со гала-проекцијата на македонскиот филм „Златна петорка“, дебито на Горан Тренчовски, а проекцијата беше посветена на косценаристката Билјана Гарванлиева која почина во Берлин.
Филмската екипа предводена од режисерот Горан Тренчовски и продуцентот Милошевски доби стоечки аплаузи од публиката.
Во филмот е раскажана трагедијата на петтемина струмичани кои во 1951 година биле убиени од УДБА, зашто сонувале за независна Македонија. Пораката на филмот е содржана и во последната реплика на ликот Алавантие Донски: „Никогаш повеќе да не се повтори за идеја да се убива и за мисла да се умира!“
Светската премиера на „Златна петорка“ ќе биде на 29 септември во Лондон, на најголемиот британски филмски фестивал за независен филм Реинденс. На 6 октомври филмот ќе се прикаже во Скопје, но и во Струмица, Охрид и други градови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст