Хороскопот открива различни аспекти од нашите животи, но можат ли ѕвездите и астрологијата да ни каже колку долго ќе живееме?
Овие три хороскопски знака, според истражувањата и статистиката, живеат најдолго.
Неколку истражувања покажале дека луѓето родени во знакот на Рак живеат најдолго, а го следат оние во знакот на Овен и Девица. Се верува дека многу Ракови доживуваат длабока старост бидејќи водат здрав живот, ама и затоа што ги мотивира мислата да живеат што подолго за што повеќе време да бидат крај своите најблиски, особено децата, и да се грижат за нив, бидејќи Раковите се исклучително семејни и грижливи личности.
Девиците живеат долговечно поради својот уреден начин на живеење и поради големата грижа за сопственото здравје. За многу Девици правилната исхрана и физичката активност се стил на живот, па тие не може да замислат да живеат поинаку. Исто така, Девиците се прилично смирени личности, а помалку стрес значи и подолг живот.
Тајната на Овенот е „едноставна“ и таа се состои од следново: од сите знаци во хороскопот, Овенот има најголема страст за животот.
Дека Ракот, Девицата и Овенот навистина живеат најдолго потврдува и официјалниот список на долговечни луѓе во светот, што се води од 1955 година, а ја составува организацијата Геронтолошка истражувачка група. Меѓу 59 лица од листата, најмногу има лица родени во Рак (8), а следи Девицата (7) и Овенот (7). Интересно е тоа што меѓу овие 22 лица, дури 18 се жени, што го потврдува и познатиот факт дека жените живеат подолго од мажите. Тоа што дури 11 лица се од САД, може да се објасни со високиот стандард на живеење во таа држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.