Правта во домвите многумина ја доживуваат како здодевна пречка и непријатност, но една нова американска студија покажува дека таа може да биде многу поопасна по задравјето на луѓето. Студијата објавена во научното списание „Енвајронментал Сајнс енд Технолоџи“ укажува на тоа дека 90 отсто од правта во домвите содржи и опасни хемикалии.
Најопасни се фталатите кои можат да ги променат хормоните и да влијаат на репродуктивниот систем. Тие можат да се најдат во многу производи, вклучувајќи ги прашаците, шампоните, козметиката и тапетите, а по употребата на производите во домот остануваат во вид на прав.
Научниците потврдија дека високо флуорираните хемикалии исто така имаат висока концентрација во прав. Овие хемикали можат да се најдат во чиниите, теписите и некоја облека, а можат да предизвикаат многу проблеми, вклучувајќи и рак на бубрезите и тестисите, како и хормонална нерамнотежа.
– Широкиот спектар на хемикалиите кои се користат во секојдневните производи наоѓаат начин да влезат во затворени простории, оставајќи ранливите групи, како што децата, да бидат постојано изложени на нив, се заклучува во студијата. На тој начин, затворениот простор е рај за хемикалиите поврзани со репродуктивните и развојните пречки и ендокрините нарушувања, наведуваат научниците.
Истражувачите апелираат до производителите да престанат да ги користат овие хемикалии во своите производи, бидејќи нивното влијание трае и по употребата на производите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст