| четврток, 6 декември 2018 |

Возач на камион повреден кај Кадрифаково

policiska-lenta

­ При истовар на песок повреден е 28-­годишниот скопјанец Ј.Б., кој управувал влекач „Ман“ и приколка­-кипер марка „Утва ПП 30“, со скопски регистарски ознаки.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера во 9:40 часот на магистралниот пат Велес – Штип, на делот кој е во изградба, во близина на село Кадрифаково. При истовар на песок, приколката се подигнала и паднала, повлекувајќи го со себе и Ј.Б.

На скопјанецот му била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар­-Штип каде му била констатирана тешка телесна повреда, скршеница на лев колк, по што бил пренесен во Клиничкиот центар­-Скопје на понатамошно лекување.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Свети Николе и инспектор за труд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top