| четврток, 6 декември 2018 |

„Македонија вработува 2“ дава резултати: Над 1.500 вработени за два и пол месеци

gruevski-ukim-sportska-sala-3

Во два и пол месеца од почетокот на проектот „Македонија вработува 2“ има над 1.500 вработувања од страна на 1.160 компании кои ги искористиле условите на проектот. Од нив, илјада се мали компании со десет вработени.

– Значи, овие мали компании преку овој проект нашле начин да си го зголемат својот бизнис, да вработат уште некој, да остварат плата за себе и за него и, на некој начин, да одат напред, а со тоа да влијаат и на намалување на невработеноста во Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Никола Груевски по посетата на локацијата каде што се  гради училишна спортска сала на ОУ „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје.

Тој нагласи дека е задоволен од текот на „Македонија вработува 2“ кој се спроведува поради покажаните резултати од неговиот прв дел.

– „Македонија вработува 1“ беше многу успешен проект и од таа причина одлучивме да го повториме, додаде Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top