| четврток, 6 декември 2018 |

Ременски „промовираше“ мерки кои се на сила веќе 16 години

Пред неколку дена техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски одржа прес-конференција на која соопшти деканајранливите категории нема повеќе да плаќаат партиципација за здравствено осигурување”. Она што Ременски не го соопшти е дека всушност – не соопшти ништо.

Ременски промовираше ослободување од давачки за лица кои веќе 16 години се ослободени од плаќање партиципација, односно ослободувањето од давачките за овие лица не е никаков новитет. Не е новитет ниту покажувањето на потполно непознавање од ресорот од страна на Ременски, иако овој пат навистина се чини дека се надминала себеси лажно „промовирајќи“ нешто што е на сила веќе 16 години.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија експресно испрати демант во кој наведе дека Ременски промовира ослободување од давачки за лица кои веќе 16 години не плаќаат партиципација, но демантот не беше објавен од порталите и медиумите на опозицијата со што се комплетираше сликата: Ременски дури и да знаела дека ниту промовира ниту прави нешто од корист на граѓаните, тоа го направила свесно со желба за медиумски спектакл. Ременски е веројатно свесна дека во сето време како технички министер за труд и социјала има резултат под нулата, пред се поради партизацијата на министерството, обидите за блокирање на постоечките проекти и медиумски спектакли со помош на употреба на сите погони од фабриките за афери.
Многу шпекулации и вештачко одржување на темата за ослободување од плаќање партиципација за здравствени услуги на неколку ранливи категории провејуваа во написи на опозициски портали и на групите на социјалните мрежи во изминатите три недели. Иако Фондот за здравствено осигурување на Македонија уште пред повеќе од месец дена го објасни начинот како ќе се регулира ова прашање помеѓу министерството за труд и социјална политика и Фондот, ова прашање повторно се актуелизираше од техничката министерка Ременски токму во насока на медиумските спеткакли преку кои сака да прикаже дека нешто работи – иако не е така.
Во понеделникот таа одржа прес-конференција на која информираше дека меѓу првите чекори кои ги презела е решавање на овој проблем. Ременски рече: “иницирав состанок со претставник на Фондот за здравствено осигурување и ги усогласивме сите идни чекори во нашето заедничко постапување во врска со овој проблем. Не постојат законски пречки за ослободување од партиципација на децата со посебни потреби, корисниците на постојаната парична помош, лицата сместени во установи за социјална заштита или во друго семејство и лицата со интелектуална попреченост без родителска грижа согласно законот за социјална заштита”.
Фондот за здравствено осигурување веднаш испрати демант кој не беше пренесен од медиумите блиски до опозицијата, во кој стоеше: добро е што г-ѓа Ременски дознала дека не постојат законски пречки за ослободување од партиципација, согласно Законот за здравствено осигурување, за децата со посебни потреби, корисниците на постојана парична помош, лица сместени во установа за социјална заштита и во друго семејство според прописите за социјална заштита и душевно болни лица сместени во психијатриски болници/ментално ретардирани лица без родителска грижа”.
ЗИмено, дефинирањето на категориите кои се ослободуваат од плаќање партиципација е уредено во Законот за здравствено осигурување од 29 март 200година чиј указ за прогласување го има направено тогашниот претседател на Собранието, Саво Климовски. Во него прецизно е наведено дека корисниците на постојана парична помош, лицата сместени во установи за социјална заштита и во друго семејство, според прописите за социјална заштита се ослободени од партиципацијата:
clen34
Не е неосновано и сомнението дека техничката министерка воопшто нема поим за времето на важење на оваа одредба од Законот за здравствено осигурување, ниту пак дека се заинтересирала, туку само сакала да ја искористи во својот обид за позитивен ПР – кој заврши неславно. Направивме обид да дознаеме со кого конкретно од ФЗОМ направила состанок за надминување на овој проблем на наидовме на молк во нејзиниот кабинет и службата за односи со јавност во министерството.
 
Втор спорен момент од целата ситуација е одговорот на ФЗОМ до дневниот весник Вест од 17.8.2016 околу прашањето за ослободување од партиципација за наведените категории каде ФЗОМ информира дека уште на 15 август, односно повеќе од еден месец откако Ременски „измисли топла вода“ имало координативен состанок меѓу двете институции и го соопштува новите правила за ослободување од партиципација.
vest
Овој одговор од ФЗОМ ја разрешува дилемата која ја поттикнаа опозициските портали и ним блиски активисти на социјалните мрежи, но овој факт Ременски и порталите го прекрија и занемарија, бидејќи не им одеше во прилог на политичкиот маркетинг кој сакаа да го направат.
 
Од целото истражување се покажува фактот дека СДСМ преку сопствените медиуми сакал да ја искористи целата ситуација од договорањето меѓу двете институции околу тоа како после стапувањето на измените на Законот за управна постапка ќе се реализира ослободувањето од партиципација за користење здравствени услуги од страна на децата со попреченост, корисниците на постојана парична помош и другите категории кое вроди со конкретни мерки и беше решено во најбрз можен рок.
Но, и со овој обид за политички профит техничката министерка Ременски помина како боса низ трње. Јавноста гласно прашува дали е можно еден министер да коментира и објавува на голема вратарешенија за кои има јасни и огромни непознавања. Посебно е скандалозно што ова не се првите денови на Ременски во МТСП, туку дури втор циклус на министерување. Колку и да нема мандат за тоа од народот, неопростливо и срамно е помпезно да најавува и да ги претставува како свое решение проекти кои некој ги спровел пред цели 16 години, кога Фросина Ременски имала 23 години, а Македонија функционирала и без нејзината „генијалност“.
 
Се потврдува дека во овој случај спротивно на етиката и моралот се манипулира со лицата со попреченост. За жал, тоа е делувањето на техничкиот министер за труд и социјална политика Фросина Ременски. За потсетување, Ременски според Договорот од Пржино јуни/јули 2015 има мандат да спроведе избори и да го спроведува Законот за Влада кој е усвоен со договор на најзначајните политички фактори во државата. Но, очигледно дека никој не може да и забрани да се бламира на отворена сцена, да ги лаже и манипулира граѓаните и да биде убедливо најлошиот министер за труд и социјала кој Македонија воопшто го имала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top