| четврток, 6 декември 2018 |

Претепан скопјанец во позната кафеана, група насилници му кршеле шишиња од глава

 

tepacka-vo-kafana

Во 1 часот и 30 минути по полноќ, 21-годишниот Ф.Г. од Скопје се јавил во полиција и пријавил дека претходниот ден околу 23 часот и 45 минути на улицата „Јордан Мијалков“ во „Златно буренце“, додека седел со друштво, без повод и причина од страна на група машки лица, биле нападнати со стаклени шишиња во пределот на главата и со тупаници во пределот на телото.

Во еден момент лицата го извлекле Ф.Г. од објектот и продолжиле со нападот, а откако паднал на земја, истите побегнале во непознат правец.

Од страна СВР Скопје се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top