Двајца малолетници се пријавени за исчезнати од домовите „25 Мај“ и „Ранка Милановиќ“, вчера.
На 20 септември околу 14 часот 14-годишно лице се оддалечило од Домот „25 Мај“ во непознат правец. Додека од ЈУ „Ранка Милановиќ“ на 16 септември во 14 часот, 17-годишна штитеничка, самоволно ја напуштила установата и се оддалечила во непознат правец.
Причината за оддалечувањето на децата е непозната. СВР-Скопје презема мерки за нивно пронаоѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.