ретседателот на Европскито совет, Доналд Туск, кој денеска присуствува на Самитот „Мигрантската рута на Балканот“ во Виена, единствен од присутните лидери на десет европски држави, меѓу кои и македонскио премиер Емил Димитриев, утринава даде изјава пред почетокот на состанокот.
Како што јавува дописникот на МИА од Виена, Туск е дециден дека овој Самит е еден од клучните во Европа за справување со бегалскиот наплив, па затоа потенцира дека „предуслов за решавање на мигрантската криза е тесна соработка на ЕУ со нејзините партнери на Балканот“.
– Уште од првите денови на миграциската криза, јас немав сомнеж дека главен клуч за решени ена истата е враќање на ефикасната контрола на надворешните граници на Европската унија. Очигледно, основен предуслов за постигнување на оваа цел е тесна соработка со нашите партнери на Балканот и во Турција – истакна Туск.
Според челникот на Евросоветот, кој заедно со комесарот за внатрешни работи и миграциски прашања Димитрис Аврамопулос ги претставуваат ЕУ-институциите денеска во Виена, денешните разговори во австриската престолнина се со цел да се постигне договор„како да се подобри ефикасноста на активностите“.
– Ние треба да потврдиме, како политички, такаи во пракса, дека западно-балканската рута на нелегална миграција е засекогаш затворена. Ова е причината зошто јас сум среќен што канцеларот на Австрија, Кристијан Керн, презеде иницијатива и го организира овој состанок – додаде Доналд Туск.
На денешнито Самит во Виена, покрај канцеларот Керн, кој е домаќин, присуствуваат и германската канцеларка Ангела Меркел, премиерите на Унгарија, Виктор Орбан, на Романија, Дачијан Чолош, на Словенија, Миро Церар, Хрватот Тихомир Орешковиќ, Бојко Борисов од Бугарија, како и премиерите на Република Македонија, Србија и Албанија, Емил Димитриев, Александар Вучиќ и Еди Рама, како претставници на не-ЕУ земјите што се наоѓаат на западно-балканската бегалска рута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст