| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски: Перални и сушални во студентските домови до почетокот на 2017 година

Унапредувањето на студентскиот стандард е еден од нашите врвни приоритети. Тоа го потврдивме со бројни досега реализирани и тековни проекти, системски мерки и активности кои значат олеснување на студентскиот живот и делување, пишува заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски на социјалната мрежа „Фејсбук“.

– Во оваа насока, особено сме посветени на квалитетот и условите за студентското сместување. Актуелната Влада е единствената која има направено сериозни инвестиции во изградба на нови и во реконструкција и опремување на постојните студентски домови. Досега се вложени 5 милиони евра. Една од низата активности кои се дел од нашиот инвестициски план во следниот период е и набавката на перални и сушални, за што сакам да информирам дека тендерот за набавка е веќе објавен на системот за јавни набавки. Ќе бидат набавени вкупно 50 професионални машини за перење и 50 професионални машини за сушење со капацитет до 10 килограми, кои ќе работат на систем на жетони, вели Ристовски.

Јавното отворање на понудите е закажано на 9.11.2016 година.

– По целосно завршување на постапката согласно Законот за јавни набавки, истите ќе бидат инсталирани во 10те државни студентски домови и согласно очекувањата, достапни за студентите на почетокот на следната 2017 година. Ветивме и ќе го одржиме нашиот збор, заклучува заменик министерот за образование и наука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top