До 27 април работевме за државата, од следниот ден, па до 31 декември ќе печалиме за себе. Денот е пресметан врз основа на процентот од бруто-платата што секој вработен во Македонија секој месец го одвојува за социјални придонеси и за данок. Ако месечната сума се собере и се подели со сите 366 дена во оваа престапна година, испаѓа дека речиси четири месеци годинава или точно 117 дена сме работеле за државата, а другите осум месеци само за нас.
Станува збор за имагинарен ден кој инаку го определуваат и во други западни земји, а се паѓа во различен месец од годината, некаде порано, некаде подоцна, во зависност од тоа колкав дел од заработеното се всушност давачки за придонеси и даноци. Споредбата со поразвиените земји покажува дека во Македонија таканаречениот такс фридом деј е доста порано.
Во Македонија нема институција што го определува денот, па „Дневник“ и агенцијата „Проагенс“ го пресметаа со математичка операција врз основа на податоците за издатоци кон државата. По пресметката, испаѓа дека давачките, кои се 32 процента од платата во 366-те дена годинава, се исплатуваат за 117 дена. Од 118. ден или од 28 април целата плата, се разбира фигуративно, оди за самиот вработен.
Целата анализа погледнете ја на „Дневник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Прогресивниот данок ќе придонесе за праведно општество во Македонија
-
Земјите на ЕУ губат 150 милијарди евра годишно од неплатен ДДВ
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
Коморите контра власта: Не е погоден момент за воведување прогресивно оданочување на личниот доход