| четврток, 6 декември 2018 |

Овој хороскопски знак секогаш го следи моќ, успех и среќа!

Се вели дека секој е кројач на сопствената среќа, но сепак и ѕвездите имаат големо влијание врз сето тоа. Познато е дека постои еден хороскопски знак кому сите врати му се отворени, треба само да знае како да го искористи тоа. Овој знак е Стрелецот. Планетата која владее со овој знак е Јупитер – планетата на моќта, успехот и среќата. Овој знак, исто како и планетата владетел, е знак на среќа, веселба и егзотика. Секогаш подготвен за нова авантура со блескава насмевка на лицето. Нему му се отворени сите врати и ни една препрека на патот не може да го сопре. Стрелецот е голем љубител на добрата храна, пијалаци и музика. Тој е вечен борец против неправдите, а пријателството претставува важен сегмент од неговиот живот. Неговиот млад дух е надополнет од убавиот надворешен изглед и спортската физичка градба. Стрелецот има отмена природа која прилега на аристократ и оттаму произлегува неговиот интерес за поблагородни спортови како што е тенисот. Иако негува почит спрема традиционалните вредности, тој понекогаш знае да биде и бунтовник и не се води слепо по општоприфатените морални начела. Соработката со други луѓе не му е баш најјака страна бидејќи знае да биде строг и комплициран. Понекогаш знае и да казнува ако неговите барања не се исполнети во целост. За овој хедонист по природа нема поголема казна од недостатокот на време и пари. Животните цели и желби на овој знак се навистина големи, но остварливи. Меѓу претставниците на овој знак се музичките легенди како Френк Синатра и Тина Тарнер чиј постигнат успех сè уште трае и остава траги. Стрелецот силно верува во себе и своите способности, а добро познато е дека на тој што има силна верба сите врати му се отворени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top