| четврток, 6 декември 2018 |

Институтот за судска медицина ќе ги испитува човечките коски од пештерата кај Кичево

Основното јавно обвинителство – Гостивар, кое раководи со стручниот тим составен од археолози, антрополози и спелеолози, ги има подигнато сите човечки остатоци од пештерата помеѓу селата Тајмиште и Бачишта.

Според последните информации од обвинителството од оваа пештера позната под името „Череп“, во првото собирање на почетокот на септември, беа подигнати околу 19, а до синоќа уште 40 черепи и други остатоци.

Пронајдените остатоци се пренесени на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје, каде ќе биде извршена нивна обработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top