| четврток, 6 декември 2018 |

Две сообраќајки предизвикани од животни, штета од околу 50 илјади денари

Две сообраќајки предизвикани од животни, во кои е предизивикана материјална штета од околу 50 илјади денари, се случиле вчеравечер на автопатиштата во Полошко, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Првата сообраќајка се случила малку по 19 часот на автопатот Гостивар – Тетово во близина на клучката за Тумчевиште. Притоа патничко возило „форд“ со странски регистарски таблици управувано од И.Х.(38) од Гостиварско Сенокосе удрило и усмртило куче-безодмник. Во оваа сообраќајна несреќа нема повредени, а материјалната штета се проценува на 30 илјади денари.

Вториот сличен настан бил нецел час подоцна, околу 20 часот на автопатот Скопје-Тетово во близина на клучката за Желино кога патничко возило „ауди“ со тетовски таблици што го управувал 35-годишниот Б.М.(35), налетало, удрило и усмртило овца што се движела по коловозот. И во овој случај нема повредени додека материјалната штета се проценува на 20 илјади денари.

– Полицијата извршила комплетни увиди на двете места и работи на расветлување на сите поединости поврзани со несреќите со животни што годинава зачестија на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје пред сè како резултат на неговата необезбеденост но и на неодговорното однесување на сопствениците на домашни животни изјави Јосифовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top