Во денешно време неретко се случува на православни гробишта да се спроведуваат разни непотребни обичаи заради некој понов тренд. Должноста на христијаните им наложува во молитвните да се присетуваат на покојниците, да се молат на Бога за спокој на нивните души, да им се палат свеќи, да се држат парасотси и спомени како и да им се подигнуваат споменици како обележја. Нивните гробови треба да се одржуваат во пристојна и уредна состојба. Овие работи се наведени во црковниот канон.
Неретко се случува да се заборави или подолго време да не се посети гробот на член од семејството, па местото да остане запоставено. Од друга страна пак, други се решаваат за спомен да кренат големи споменици за покојните што исто така не е правилно. Споменикот треба да биде скромен, со христијански обележја и крст.
Исто така на Балканот неретко се случува за погребот да се подготви обилна храна и пијалок, па да се претвори во гозба, а некои од присутните и недолично да се однесуваат. Ова е недозволиво и може да рече дека е грев кон покојникот и неговото семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Работното време ѝ поминува на гробишта: Македонка со успешна бизнис-приказна
-
Ни доаѓа Огнена Марија: Ова никако не смеете да правите !
-
Ако сте љубител на јаболка, на Петровден никако не сечете ги со нож, а во зорите треба…