| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Турција не може да ја чека разврската во американскиот судски систем околу вината на Ѓулен

erdogan

­ Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги повикува САД да постапат како искрен партнер по прашањето за предавањето на исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен, кој според турските власти е иницијатор на обидот за преврат од 15 јули, јави ТАСС. ­

– Ние им предадовме и продолжуваме да им испраќаме докази на американските власти. Ние сме стратешки партнери, заедно сме во НАТО. Дајте ни го Ѓулен и оставете ни нам да го судиме. Но, тие велат дека за тоа ќе реши Судот, рече Ердоган во интервју за њујоршката телевизија „Блумберг“.

Тој нагласи дека Анкара не може да ја чека одлуката на некој Суд, затоа што Ѓулен ги прекршил законите во Турција, а не во САД, и затоа неговиот случај е под надлежност на турскиот правен систем.

Говорејќи пред членови на граѓански организации во Њујорк, Ердоган објасни дека турските власти им предале на САД 85 кутии со документи во врска со Ѓулен, но одговорот бил дека тоа е недоволно за екстрадиција.

Од друга страна пак, САД побарале од Турција да им предаде 10 терористи, по што турските власти испорачале девет од нив, без судски процедури. ­

Порано или подоцна, ваквиот став на САД ќе им наштети на билатералните односи, истакна Ердоган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top