| четврток, 6 декември 2018 |

„Напред розово 2016“ по осми пат

Здружението „Борка – За секој нов ден“, во соработка со Амбасадата на САД во Македонија, по осми пат ќе ја организира кампањата за борба против рак на дојка „Напред розово 2016“.

Во рамките на кампањата ќе се одржи традиционалната розова прошетка, но и хуманитарна трка во должина од еден километар. Настанот ќе се одржи на 1 октомври во Скопје, со почеток во 11 часот во Градскиот парк пред „Школка“.

– Придружете ни се на маршот и на трката и помогнете ја борбата против рак на дојка. Дојдете со вашето семејство, пријателите, соработниците и дајте свој придонес во битката против оваа болест – велат од „Борка“.

Регистрацијата за трката се одвива и електронски, преку следниов линк:

https://www.smartrace.club/

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top