Сириските владини сили синоќа соопштија дека почнале нова офанзива против бунтовниците во источниот дел на градот Алепо. Во соопштението на армискиот Генералштаб, што го пренесоа сириските државни медиуми, се упатува повик до цивилното население во тој дел на Алепо да ги избегнува реоните каде што има „терористи“.
Освен тоа, армијата најави дека ќе бидат воспоставени коридори, преку кои цивилите, но и бунтовници што ќе сакаат да се предадат, ќе можат да го напуштат делот на Алепо под контрола на бунтовничките сили.
Западните медиуми оценуваат дека ваквото соопштение на владините сили, најверојатно, ќе значи и засилување на воздушните напади на руските и сириските авиони врз позициите на бунтовниците, кои веќе и така беа интензивирани во претходните 24 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!