| четврток, 6 декември 2018 |

Марко Чаласан освои сребрен медал на Јуниорската балканска олимпијада по информатика

Од 17-22 септември, Македонија беше домаќин на 10. јуниорската балканска олимпијада по информатика за деца до 15,5 годишна возраст која што се одржуваше во организација на Здружението на информатичари на Македонија, со поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација и Семос Едукација како спонзор на олимпијадата.

На Олимпијадата учествуваа ученици од сите земји членки на Балканската иницијатива: Македонија, Кипар, Словенија, Романија, Молдавија, Грција, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија.

На затворањето на Олимпијадата, беа доделени четири златни, седум сребрени и 11 бронзени медали. Марко Чаласан, од репрезентацијата на Македонија, освои сребрен медал, додека Јосиф Тепеѓозов, Андреј Величковски, Даријан Шеќеров, Филип Шијаков и Мила Ќосева освоија бронзени медали.

Најуспешен учесник на олимпијадата беше Молдавецот Габриел Којокару.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top