| четврток, 6 декември 2018 |

Лепа Брена ќе ги донира своите органи

Месец октомври е посветен на донирањето органи, па така познатата српска пејачка Лепа Брена веќе следниот месец планира да стане сопственичка на донорска картичка.

Таа изјавила дека планира да се приклучи на акцијата, бидејќи знае дека така ќе ја крене свеста и ќе предизвика позитивен став кај јавноста.

Пејачката на оваа тема веќе зборувала со докторите и со пријателите, па прашање на време е кога ќе го стави својот потпис на картичката.

-Таа сака да им помогне на луѓето кои се во критична состојба. Не сака од тоа да прави лична промоција, изјави извор близок до пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top