| четврток, 6 декември 2018 |

Папата донираше 50.000 евра за поплавените во Скопско

Папата Франциск донирал 50.000 евра за настраданите во поплавите што на 6 август го зафати Скопско истовремено и за штетите предизвикани од земјотресот на 11 септември, објави интернет-порталот „Католици“.

– На 22 септември 2016 година Апостолската нунцијатура во Македонија ги извести скопскиот бискуп и спостолски егзарх во Македонија, д-р Киро Стојанов, дека Папскиот совет одобри 50.000 евра, дар од светиот отец папата Франциск за настраданите од неодамнешните поплави што го зафати Скопје на 6 август и земјотресот од 11 септември 2016 година – пишува порталот.

Франциск по поплавите што го зафати Скопје на 6 август упати сочувство до семејствата на загинатите во поплавите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top