Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека Европската унија треба да ги приведе и депортира сите илегални мигранти и да ги смести во бегалски камп под европски надзор надвор од границите на Унијата, од каде што ќе можат да поднесуват барања за азил.
– Тоа би можело да биде остров или крајбрежна зона во северна Африка, но безбедноста и снабдувањето треба да бидат гарантирани од ЕУ, што е во нејзин интерес – рече Орбан во интервју објавено денеска на новинарскиот сајт „Ориго“.
– Треба да создадеме големи бегалски кампови надвор од ЕУ, со вооружена заштита и финансиска поддршка, обезбедена од Унијата. Сите кои пристигнале нелегално треба да бидат фатени и депортирани таму. Од таму ќе можат да поднесат барање за азил – појасни Орбан.
Според него, ова е „тешка морална задача“, но е единствената алтернатива на тоа „мигрантите да останат во Европа, да бидат раселени низ континентот и да создаваат натамошни проблеми“.
– Раселувањето не е мерка од која ќе има некаква корист, бидејќи оние кои сакале да одат во Германија, веднаш ќе се вратат таму по раселувањето – додаде Орбан.
– Има само едно решение, корисно за сите, и за нас, кои сѐ уште не сме во тешка состојба и за земји како Германија, кои се веќе длабоко погодени. Надвор од Унијата – порача Орбан.
Тој повтори дека надворешните граници од ЕУ треба да се бидат заштитени со цел да не се дозволи повторување на емигрантскиот бран од 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Николоски со честитка до Орбан: Унгарија е на вистински пат, а Македонија има голем пријател
-
Груевски во Унгарија на работен состанок со Орбан и десничарските партии од Балканот (Фото)
-
Орбан: Сорос сака тајно да влијае на унгарската политика