| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на монструмот бара: Убијте го!

arlin kastro

Арлен Кастро, блиска другарка со една од киднапираните, бара смртна казна за својот татко Ариел.

–  Убијте го – изјави девојката во емисија на ABC целата во солзи, шокирана од монструозноста на својот татко, кој 10 години ги држеше во заточеништво Американките што ги киднапирал како девојчиња. Едната од нив, Џина, била соученичка на Арлен, киднапирана на враќање од училиште!

Арлен и Џина биле најблиски другарки на училиште. Токму Арлен била последната што ја видела Џина пред да се разделат по училишниот ден, кога малата Џина била киднапирана од таткото на Арлен! И тоа на каков начин – тој ѝ понудил да ја превезе Џина до дома со автомобил и место тоа ја однел во куќата каде што ја затворил за следните 10 години.

Арлен е едно од четирите деца родени во првиот брак на Ариел, а нејзината мајка Гримилда починала од малтретирањето од налудничавиот сопруг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top