| четврток, 6 декември 2018 |

ИД убила шест момчиња со апарати за заварување

islamska drzava mudzahedini

Екстремисти на џихадистичката група Исламска држава брутално егзекутирале шест момчиња со апарати за заварување на плоштад во ирачкиот град Мосул пред голема група луѓе.

Весникот „Дејли мејл“, повикувајќи се на неименувани извори од Мосул, пишува дека момчињата се обвинети за поврзаност со движењето за отпор во градот. ­

– Го направија тоа за да создадат состојба на страв и паника меѓу жителите во градот, истакнал изворот.

Џихадистите со јавно камшикување казниле и три малолетни момчиња поради тренирање фудбал. Едниот од нив носел дрес на Лионел Меси, што е потежок прекршок, бидејќи законите на ИД забрануваат носење спортски дресови.

Ирачката војска во јуни се приближи на околу 60 километри до Мосул, а во тек се подготовки за напад со цел да се солободи овој најголем ирачки град заземен од ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top