| четврток, 6 декември 2018 |

Пеколот на Рејчел Ваврик, жената која е алергична на вода

Када не наполнила никогаш, а на капењето во море гледа како на пливање во чинија, овие работи се нејзината верзија на пеколот. Секојдневието на Рејчел, која боледува од многу ретка состојба, е голема агонија. Дури и солзите ја печат кога ѝ паѓаат врз лицето, Како е можно човечкото тело да ја одбива основната животна потреба, водата?

Кога ќе се разбуди, Рејчел мора да испие некаков вид отров, поради кој се чувстввуа како да пие чаша коприви.Како што лизга појалакот низ нејзиното грло, така остава пликови на кожата, црвенило и чешање.

Ова е светот на Рејчел Ваврик, која е алергична на вода. Во нејзиниот свет полната када е вистински кошмар, а ужвањето во тропски мориња привлечно како пливање во чинија.

-Овие работи се мојата верзија на пеколот, вели Рејчел.

Каков било контакт со вода, дури и нејзините солзи и нејзината пот, предизвикуваат болка, отоци, интензивно чешање, осип на кожата кој трае и по неколку часа.

– Кога имам реакција на вода се чувствувам како да сум истрчала маратон. Толку се чувстввуам заморено, што морам да седам некое време. Грозно е, но ако заплачам, ќе ми отече лицето.

Луѓето кои боледуваат од оваа состојба, позната како aquagenic urticaria, кога имаат реакција, се чувствуваат како да се ижуркале со коприва во комбинација со премаленост од алергијата. И така секој ден.

Но, како се бори Рејчелсо оваа состојба, кога водата претставвуа 60% од телото (возрасен човек од 70 кг содржи 40 литри вода во организмот).

Водата во телото не ѝ претставува проблем на Рејчел, до реакцијадоаѓа кога ќе дојде во контакт со кожата, без обѕир на температурата, чистотата и содржината на сол.

Технички, оваа состојба не е алергија, запто не предизвикува реакција нешто што е во телото,  не се јавува како реакција на страно тело, но се вика алергија зашто има исти видливи симптоми, додека причината сѐ ушт не е истражена.

Оваа ретка дијагноза од почетокот ги загрижува научниците. Најстарата теорија објаснува дека aquagenic urticaria – аквагенска офтијарија, делува кога водата е во интеракција со надворешниот слој на кожата, кој главно содржи мртви клетки или маслени супстанции кои ја одржуваат хидрирана. Во контакт со вода овие компоненти можат да испуштаат токсични соединенија кои ја предизвикуваат реакцијата.

Други теории наведуваат дека водата може едноставно да ги раствори хемикалиите во слоевите мртва кожа и така им овозможува да продрат длабоко во кожата, каде што предизвикуваат реакција.

Можеби најприфатлива е теоријата дека оваа алергија ја предизвикува промената на притисокот кој случајно го активира имунолошкиот аларм во моментот кога водата ја напушта кожата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top