Милијардерот Џорџ Сорос најави вложување во износ од 500 милиони долари во стартапи, етаблирани компании, општествени иницијативи и фирми кои ги основале бегалци и емигранти за да им помогне да се осамостојат.
Џорџ Сорос, кој е на чело на Институтот „Отворено општество“, го најави ова вложување по првиот самит на ОН за бегалците и емигрантите, а пред почетокот на состанокот со кој претседаваше американскиот претседател Барак Обама, со намера да иницира помош за 65,3 милиони раселени луѓе, пренесува АП.
-Нашата цел е да ги искористиме приватните компании за јавно добро – изјави Сорос. Тој додава дека овие инвестиции „треба да бидат успешни“, но дека основната цел е „производство и услуги кои навистина ќе бидат од корист за емигрантите и заедниците кои ги прифатиле“.
Тој изрази надеж дека неговото вложување ќе ги поттикне и другите инвеститори да го преземат истиот чекор.
Високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди, изјави дека овие инвестиции „ќе им помогнат на емигрантите да се осамостојат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.