| четврток, 6 декември 2018 |

Пророштвото на Баба Ванѓа за идниот претседател на Америка

Причината е можното испаѓање на Хилари Клинтон од изборната трка поради нејзиното влошено здравје, шпекулираат медиумите.

На кандидатот на демократите му се слошило за време на панихидата за 11 септември, а подоцна стана јасно дека Хилари развила пневмонија. И покрај уверувањата на матичниот лекар на Клинтон дека таа закрепнува, стравот и загриженоста за нејзиното здравје се зголемуваат, тврдат британските медиуми.

Ако таа не ја продолжи битката за Белата куќа, а Обама прогласи воена состојба поради заканата од Исламска држава, тогаш и другиот кандидат Доналд Трамп ќе отпадне. Значи, сегашниот шеф на државата може да се претвори во последниот на оваа функција, исто како што некогаш предвидувала слепата пророчица.

Уште во 60-тите години на минатиот век, Ванѓа зборувала за времето кога „ќе дојде црниот човек“. Постојат снимки од овие тврдења и воедно се изучува точноста на нејзините предвидувања.

Од нив, станува јасно дека пророчицата го видела доаѓањето на власт на црн претседател во 2009 година. Таа предвиде дека 44-тиот претседател на Соединетите Американски Држави (по Џорџ Буш) ќе биде црн.

Овој претседател требало да врати земјата назад, бидејќи тогаш Америка ќе паднела во бездната на најголемата економска криза. Можеби дури и да се подели повторно државата на јужни и северни Држави, две од работите во тоа предвидување се непобитен факт – Барак Обама и глобалната криза низ која поминаа САД и Европа се сигурен показател дека пророштвото на Ванѓа е на пат да се оствари.

Ова го тврдат и поддржувачите на теориите на заговор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top