| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија постепено ќе ги затвора бегалските кампови во Софија

begal

Бугарската Влада планира во рок од една година да затвори најмалку еден од бегалските кампови во Софија, а не е исклучено да бидат затворени и повеќе од центрите во главниот град на Бугарија во кои се сместени бегалци, соопшти денеска бугарскиот заменик­министер за внатрешни работи Филип Гунев.

Како што јави БТА, ваквата најава следи по зачестените социјални тензии поврзани со бегалците во Софија во последниве неколку седмици.

Гунев нагласи дека засега не е определена локацијата на која ќе бидат префрлени бегалците од Софија, додавајќи дека ќе бидат потребни дополнителни 2,5 милиони евра за затворање на центрите и дислокација на лицата од нив. ЕУ веќе најави дека на Бугарија ќе и додели 160 милиони евра, од кои 80 отсто ќе бидат наменети за заштита на бугарските граници, а остантите 20 проценти за сместување на бегалците и за справување со бегалската криза.

Гунев најави дека дел од овие средства ќе бидат искористени и за проширување на постојните центри за сместување на бегалци од затворен тип и за изградба на три мобилни кризни центри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top