Македонските фудбалски херои, членовите на младата фудбалска репрезeнтација до 21 година, својот последен меч од квалификациите за пласман на ЕП 2017 во Полска, можеби и симболично, ќе го одиграат на 11 Октомври. Овој празничен ден за нашата држава, да се надеваме дека ќе биде и фудбалски празник, а избраниците на Благоја Милевски ќе не израдуваат со триумф против селекцијата на Шкотска.
Поради презафатеност на арената „Филип Втори“, но и поради регуларност, со оглед дека истиот ден, и во истиот термин ќе се игра и мечот Исланд – Украина, кој исто така е мошне важен за конечниот пласман, е закажан дуелот меѓу младите селекции на Македонија и на Шкотска. Тоа значи дека „црвено-жолтите“ ќе имаат три дена повеќе за подобро да се подготват за овој значаен натпревар.
Претходно, на арената „Филип Втори“, на 6.октомври и на 9.октомври, А-репрезентацијата на Македонија ќе игра против Израел и против Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.