Универзитетската професорка Биљана Ванковска на својот Фејсбук профил пишува дека Катица Јанева е многу повеќе од (специјална) обвинителка, а кога веќе е симбол на некаква си револуција и кога преку медиумите и преку јавната дебата се поврзува со политички земјотрес кој треба да каже „ќе не` биде или не“, мора да има способност да ги презентира доказите, да се увери судот во нивната основаност и поврзаност со наводите на обвинението.
Република го објави немонтираниот материјал од интервјуто на Катица Јанева на државниот јавен сервис.
Целиот материјал од снименото интервју, без никакви монтажи и корекции, до нашата редакција го достави анонимен извор со цел да се прикаже во вистинско светло непрофесионализмот на МТВ и нејзиниот главен уредник на информативната редакција. Од материјалот може да се заклучи дека интервјуто е однапред договорено, со однапред договорени и одговорени прашања кои специјалната обвинителка Катица Јанева има потешкотии дури и да ги прочита. За резилот на обвинителката да биде помал, нејзините одговори се буквално искасапени и во најголем дел покриени со инсерти. При тоа од 18.15 минути снимен материјал, на екраните беше прикажан околу 10 минути. Не може да не се забележи дека обвинителката не може да каже дури ни „добра вечер“ без да згреши и да погледне во подготвениот текст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст