| четврток, 6 декември 2018 |

Играа фудбал цели 72 часа и постигнаа 1065 гола

На хуманитарниот фудбалски натпревар во Манчестер, кој траеше точно 72 часа, 36 аматерски играчи се запишаа во историјата на спортот. Имено,  во тридневниот натпревар беа постигнати 1065 гола, со резултат 603:462.

На секои 5 часа, три различни постави на играчи се менуваа на теренот и никој не замина дома на одмор, туку во специјално поставените шатори, се со цел да се соберат што повеќе средства за локалната болница.

Иако овие момци ќе влезат во Гинисовата книга со рекорди, поголемо е задоволството што собрале повеќе од 20 илјади фунти за болницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top