Под мотото „Децата имаат кратко време да растат, а цел живот да живеат со резултатите“, Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања – Раст на РМ денеска ќе се придружи на глобалната инцијатива за одбележување на 20 септември, Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата.
Во Македонија во моментов има 100 до 110 деца со нарушувања на растот, кои се лекуваат со хормон за раст, терапија што е целосно покриена од државата. Со овој хормон се постигнуваат одлични резултати, но само доколку навремено се почне со терапијата.
Од Здруежнието велат дека навременото препознавање на нарушувањата на растот е сериозен проблем, а децата многу доцна добиваат можност да бидат дијагностицирани и соодветно да бидат лекувани. Во основа, додаваат, проблемот се состои во фактот дека децата многу доцна се препраќаат кај соодветен лекар – специјалист педијатар ендокринолог за подетална анализа и точна дијагноза. Загриженоста за висината обично доаѓа кога децата се во понапредна возраст, најчесто во повисоките одделенија во основното образование. Тоа е глобален проблем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст