фото: Плусинфо
Нови 226 автобуски стојалишта почнаа да се поставуваат од денеска, а проектот ќе заврши до крајот на јули оваа година. Првото поставено автобуско стојалиште во општина Кисела Вода денеска го промовираа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорот на ЈСП „Скопје“ Мишо Николов и градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец- Алексиќ.
– Градот Скопје добива модерни и современи автобуски стојалишта со челична конструкција, квалитетна настрешница, клупа за седење, непробојно стакло и информативна табла – рече Трајановски.
Автобуските стојалишта ги финансира Градот Скопје со 66 милиони денари за кои Јавното претпријатие „Скопје“ распиша тендер и плаќањето ќе биде на три години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


